Шведски хулигани се обиделе да (пре)тепаат српски навивачи среде Стокхолм (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Србија славеше минимално, но заслужено на синоќешното гостување кај Шведска (1-0) во меч од групата 4 од Лигата на нации, кој имал непријатна увертира во вид на жесток напад на домашни хулигани врз навивачи на нашиот северен сосед.

Група српски фанови со знамиња и песни оделе кон стадионот во Стокхолм каде што се играч натпреварот, но биле опколени и жестоко нападнати од воинствени домашни следбеници, на кои не им се допаднало ваквото противничко кортео. По тепачката, Швеѓаните побегнале пред да дојде полицијата, додека Србинот одговориле со громогласно скандирање „Косово е срце на Србија“ сомневајќи се дека хулиганите всушност биле албански доселеници во Шведска.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by NS Uživo (@nsuzivo.rs)

Стрелец на победничкиот погодок за српската репрезентација беше Лука Јовиќ во судиското продолжение од првото полувреме. На табелата во групата 4 по три средби води Норвешка со седум бодови, Србија е втора со шест, третопласирана е Шведска со три, а последна е Словенија со еден бод.