Пласманот на Мундијалот на БиХ се славеше и во - авион! (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина во вторникот обезбеди пласман на Светското првенство, откако избраниците на Сергеј Барбарез ја совладаа Италија по изведување пенали со вкупен резултат 4-1.

По големиот успех следуваше еуфорично славје ширум БиХ, а големиот триумф се славеше и во авион каде што најголем дел од патниците беа од Босна.

Имено, на социјалните мрежи се појави снимка на која на патниците при еден лет пилотот им соопштува дека БиХ се пласирала на Мундијалот по што следуваше славје. 

„Еден од најубавите моменти во животот. Некаде над Германија, на лет кон Тузла, во авионот ја добивме информацијата дека нашата репрезентација се пласирала на Светското првенство“, стои во описот на видеото.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Melic Belmin (@melic___15)