Нов шок за Гробари: Партизан водеше до 86. минута и на крајот – загуби (ВИДЕО)

Навивачите на Партизан ќе сакаат што е можно побрзо да го заборават вечерашното гостување на нивните миленици кај ОФК Београд (2-3) со оглед на поразот и покрај двете водства кои ги имаше нивниот тим.

Црно-белите првото полувреме го завршија со водство 2-1 со головите на Филиповиќ и на Ибрахим, и се до самиот финиш беа уверени дека ќе ги освојат трите бода. Но, во финишот им се случи потоп. Домаќинот прво од пенал во 86. минута преку Палочевиќ го изедначи резултатот, за во шестата минута од судиското надополнување да дојдат и до победничкиот погодок преку Стојилковиќ.

Ова беше натпревар кој долго ќе се памети и по фактот што екипата на Партизан имаше поддршка од нова навивачка група формирана од управата на клубот со оглед што Гробари се во бојкот поради нивната лоша работа. А, доказ за хаосот во српскиот фудбал е и тоа што тимот од ОФК Београд, кој е еден од најстарите од српската престолнина, својот меч како домаќин го играше во – Зајачар.