Невидена еуфорија во Сплит: Риека киксна, Хајдук на +6

И по 11 кола од хрватското првенство, Хајдук останува непоразен и апсолутен лидер на табелата што предизвика огромна еуфорија кај навивачите.

Денеска, „билите“ ја победија Локомотива со 2-1, а за комплетно задоволство се погрижи Риека која на домашен терен не успеа да го победи Вараждин (1-1), па сега разликата меѓу водечките две екипи изнесува шест бода. Меѓу нив утре може да се прикраде Динамо ако го победи Осиек бидејќи така ќе се доближи на -4 од Хајдук.

Во победата на сплитскиот тим учествуваше и македонскиот репрезентативец Александар Трајковски кој влезе во игра во 61. минута, при резултат 1-1. Победничкиот гол беше постигнат 15 минути подоцна.