Што ќе ѝ е нов голман на Барса, Пења го исфрустрира Мбапе (ВИДЕО)

По повредата на Марк Андре Тер Штеген поради која Германецот принудно ја заврши сезоната, Барселона донесе замена во Војчех Шчесни кој уште чека на своето деби затоа што се врати од пензија и уште не е во посакуваната форма.

Сепак, можеби на Барса не ѝ треба нов голман, судејќи по денешното Ел Класико во Мадрид. Ињаки Пења беше на висина на задачата и не дозволи да се затресе неговата мрежа, а во неколку наврати му фати зицери на индиспонираниот Килијан Мбапе.

Првиот пат во почетната фаза од мечот кога излезе и го покри својот гол. Вториот во 71. минута кога Французинот излезе сам пред Пења, но голманот на Барселона без поголем напор го одбрани неговиот удар и тоа со него, а потоа уште два пати.

Покрај ова, Пења имаше фантастична одбрана и во првото полувреме кога во главна улога беше Белингам, сите ја видоа топката во голот, но голманот со магична интервенција го спречи тоа.