Мбапе се „удави“ во офсајд - собори и антирекорд во Ел Класико

Очигледно е дека Килијан Мбапе има огромна желба да погоди во својот прв настап во Ел Класико, но по првото полувреме, одбраната на Барселона ја добива битката со него.

Французинот еднаш ја затресе мрежата на каталонскиот тим, но голот беше поништен поради офсајд и тоа беше еден од шесте случаи во кои Мбапе се најде во недозволена позиција. Само во првите 30 минути од мечот, заклучно со моментот кога постигна гол, Мбапе заглави шест пати во офсајд и тоа е антирекорд во Ел Класико.

Барселона и на претходните натпревари покажа дека е исклучително компактна во одбраната, а по првите 45 минути дури осум пати ги фати противничките фудбалери во офсајд. Покрај Мбапе, по една „заглавија“ Белингам и Винисиус.