Охрид шокиран во Романија, момците на Алушовски испуштија „плус шест“!

Ракометарите на Охрид претрпеа изненадувачки пораз на гостувањето во Романија против Турда каде што загубија со 39-29 и го завршија настапот во ЕХФ Купот.

На домашен терен во Охрид минатата неделаславеше победа со шест гола од 31-25 и се очекуваше со таа предност Охрид да има мирен реванш, меѓутоа денеска домаќините прикажаа одлично издание.

Избраниците на Стевче Алушовски не беа на потребното ниво. Во првиот дел во најголем дел се играше изедначено, а во завршницата Турда направи стигна до највисоките „плус три“ со кој замина на паузата 17-14.

Таа завршница на првото полувреме како да беше најава на она што се случуваше во вториот дел кога домакинот доминираше и со неколку кратки на средината од ова втор полувреме дојде и до двоцифрена разлика (29-19).

Не успеа Охрид да се врати ниту во продолжението, па на крајот домашниот состав и славеше со тие десет гола разлика.