Познати почетните постави за Ел Класико: Реал без Модриќ, Барса со истиот состав како против Баерн

Карло Анчелоти и Ханси Флик ги објавија стартните постави за дербито на шпанското првенство меѓу Реал и Барселона кое се игра вечерва од 21 часот.

Италијанскиот стручњак се одлучи за многу сила, а малку техника во почетниот тим бидејќи во средниот ред го нема Лука Модриќ, но затоа од стартот на терен ќе биде Чуамени, Камавинга и Валверде. Последната одбранбена линија ја сочинуваат Милитао и Ридигер, а во нападот ќе бидат Мбапе и Винисиус.

Флик се одлучи за истата постава како во дуелот со Баерн. Многумина очекуваа во почетниот тим да биде Дани Олмо, но сепак предност доби Фермин Лопез кој одигра одлично во средата и со тоа си обезбеди место меѓу стартните 11.