Грми во Ел Класико, ама по 45 минути нема (регуларен) гол

Без голови заврши првото полувреме од првиот дуел меѓу Реал и Барселона оваа сезона и покрај тоа што двете екипи наметнаа пеколен ритам и имаа неколку шанси да ја затресат мрежата.

Тоа му успеа на Килијан Мбапе во 30. минута, но неговиот гол беше поништен поради минимален офсајд. Претходно, Французинот имаше голема шанса да го отвори резултатот, а најголемата ја пропушти Винисиус во 23. минута. За Барселона се закани Ламин Јамал, но неговиот удар го одбрани Андриј Лунин.

Официјално, по 45 минути игра Реал нема ниеден удар во рамките на голот на Барселона, а „каталонците“ имаат и поголем посед на топката со 58%.