Блицкриг на Левандовски - два гола за две минути за молк на Бернабе (ВИДЕО)

По првото полувреме без голови, Барселона веќе има водство од 2-0 против Реал по едвај десетина минути игра во вториот дел.

Во главна улога е полскиот голгетер Роберт Левандовски кој два пати успеа да ја затресе мрежата на домашниот тим и тоа во период од само две минути. Во 54. доби фантастична длабинска топка од Касадо по што го совлада Лунин, а две минути подоцна Балде одлично го проигра со центаршут од левата страна за погодок со глава.

Со ова, Левандовски ја продолжи серијата голови во шпанското првенство каде по само 11 натпревари веќе стигна до бројката од 14.