Напаѓачот на Брентфорд блеска: Само Халанд има повеќе голови од него

Еден од најинтересните натпревари во сезоната во Премиер лигата денеска го одиграа екипите на Брентфорд и Ипсвич кој заврши со победа на домаќините од 4:3.

Одличен на теренот во победата на својот тим беше Брајан Мбуемо кој постигна два гола и така дојде до бројката од осум погодоци во Премиер лигата.

За осум гола на Мбуемо му беа потребни само девет натпревари, па така и со право се коментарите дека е веројатно еден од најпотцените напаѓачи од африканскиот континент.

Со осум постигнати гола Мбуемо е втор стрелец во Премиер лигата и само Халанд има повеќе погодоци (11).