Несудениот македонски репрезентативец замина во најдобриот клуб на Кипар

Несудениот македонски репрезентативец Урош Матиќ, брат на српската ѕвезда Немања Матиќ го засили најтрофејниот кипарски клуб АПОЕЛ.

Матиќ пред четири години дури се сликаше со македонскиот дрес заедно со тогашниот прв човек на ФФМ, Илчо Ѓорѓиоски, ама не заигра за репрезентацијата откако административно не успеа да се заврши процедурата и ФИФА да даде зелено светло за настап. Фудбалерот за врска беше дел од Копенхаген, но сезонава ја мина на заем во Австрија Виена.

Сооглед дека во Данска не е во плановите, Матиќ експресно најде клуб и тоа на Кипар, а АПОЕЛ ја искористи шансата за да го доведе на едногодишен заем со право на откуп на крајот на сезоната.