Вимблдон ќе има нова шампионка: Бранителката на трофејот застана во третото коло

Бранителката на трофејот во женска конкуренција на Вимблдон, Барбора Крејчикова го заврши настапот во третото коло откако беше поразена од Ема Наваро со 2-1 во сетови.

Крејчикова одлично тргна против Американката и првиот сет го доби со 6-2., сепак во продолжение следуваше пад во нејзината игра.

Вториот сет за израмнување Наваро го освои со 6-3, додека во следниот Крејчикова дојде до еден гем повеќе. Битката на теренот траеше два часа и 27 минути.

Во осминафиналето Наваро ја чека Мира Андреева која беше подобра со Хејли Баптист со резултат 2-0.