
„Бомба“ во Сплит: Хајдук се засилува со фудбалер кој освои мундијалско сребро?!
Ребиќ е слободен по епизодата во Лече, а клубот од Сплит ги интезивирал преговорите за негов ангажман. Фудбалерот од средниот ред кој има 31 година и претходно се поврзувал со враќање во татковината, но сега ситуацијата е поинаква бидејќи во овој момент е без договор, па Хајдук не би требало да плаќа отшета.
Ако сплитскиот клуб успее да го убеди Ребиќ ќе продолжи со праксата која ја следи во последните години со доведување на големи имиња од хрватскиот фудбал. Како главен адут во преговорите се истакнува Иван Ракитиќ кој е поранешен соиграч со Ребиќ и заедно стигнаа до историското сребро на Мундијалот во 2018 година.
Ракитиќ по завршувањето на кариерата доби директорска позиција и неговата прва голема задача би можело да биде доведувањето на Ребиќ.
Според најавите на хрватските медиуми, Хајдук во Ребиќ гледа одлично засилување и покрај тоа што тој не игра со формата од пред неколку години.
Фото: EPA