Страшна повреда на Мусиала во европското дерби, Донарума заплака! (ВИДЕО)

На Светското клупско првенство во тек е големото европско дерби меѓу Баерн Минхен и Пари Сен Жермен, но фудбалот падна во втор план откако на самиот крај од првото полувреме дојде тешка повреда на Џамал Мусиала.

Младиот офанзивец на Баерн се обиде храбро да стигне до една топка во казнениот простор, но во ист момент налета и голманот на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума. Судирот беше жесток, а сцената која следеше беше вознемирувачка дури и за гледање.

Колку беше сериозна ситуацијата, најдобро сведочеше реакцијата на Донарума  кој се расплака.