Aртета не се шегува: Тргнува по засилување од Челси!

Фудбалерот на Челси Нони Мадуеке според последните информации ја прифатил понудата од Арсенал и ги договорил личните услови.

На крилниот напаѓач на „сините“ му се допаднал проектот и неговите претставници брзо постигнале договор со градскиот ривал на Челси, сепак 23-годишниот фудбалер ќе мора да почека и клубовите да постигнат договор.

Челси за Мадуеке бара сума од 60 милиони евра, но Арсенал преговара и се обидува да ја спушти цената.

Мадуеке во изминатата сезона собра 32 настапи на во кои постигна седум гола и подели три асистенции.