
Роналдо не дојде на погребот на Жота, но направил потег што никогаш нема да се заборави!
Капитенот на репрезентацијата на Португалија контактирал со семејството на Жота и им понудил да преземе целосна грижа за образованието на трите деца кои ги имаше починатиот фудбалер со неговата партнерка Руте Кардозо.
Жота и Кардозо имаа две ќерки од четири и две години, како и син од само седум месеци, а Роналдо им кажал дека ќе биде на располагање за сè што им е потребно во иднина.
Оваа вест доаѓа по бурните реакции на јавноста на социјалните мрежи, која го нападна Роналдо поради неговиот потег да не се појави на погребот на Жота и неговиот брат.
Да потсетиме, Жота заедно со неговиот брат загинаа во Шпанија, откако со автомобил Ламборгини имаа сообраќајна незгода.
Фото: EPA PHOTO