Будимир се врати во Србија: Првпат ќе работи надвор од Македонија!

Поранешната ракометарка, Андријана Будимир се враќа во татковината и за првпат по завршувањето на кариерата ќе работи надвор од Македонија.

Од редовите на Војводина преку социјалните мрежи потврдија дека Будимир во иднина ќе бде тренер на женскиот тим кој во наредната сезона ќе игра во најсилната конкуренција во Србија.

Будимир како ракометарка освои две титули во Лигата на шампионите, а во кариерата освен големиот успех со Кометал Ѓорче Петров беше дел уште од: Напредак, Шлагенсе, Подравка, Валенсија...

Досега во тренерската кариера Будимир работеше само во Македонија, прво во Академијатан а Вардар, а потоа и со женските и машките тимови на Скопје.