
Челси го претстави засилувањето од 60 милиони евра
Преговорите Челси и Борусија ги завршија во САД каде што двата клуба учествуваат на Светското клупско првенство, а покрај големиот интерес и од Баерн Минхен, Гитенс се одлучи за Челси.
Младиот напаѓач зад себе има сезона во која на 48 натпревари за Борусија Дортмунд постигна 12 голови и подели пет асистенции. Со Челси потпиша договор со важност до 2032 година.
„Чувството е прекрасно, голема е честа да се приклучиш на голем клуб како Челси. Со нетрпение чекам да почнам и да учам од сите во тимот. Сигурен сум дека овој трансфер ќе ми помогне да го подигнам моето ниво“, изјави Гитенс.