Керик испиша историја во Јунајтед - вакво нешто не му успеало ниту на Фергусон (ФОТО)

Манчестер јунајтед игра како препороден по доаѓањето на тренерот Мајкл Керик, кој со новата победа против Астон вила на „Олд Трафорд“ се запиша во историјата на премиерлигашот.

Керик стана првиот тренер во историјата на „црвените ѓаволи“ кој успеал да победи на првите шест премиерлигашки натпревари одиграни на домашен терен.

„Ѓаволите“ успеаја да слават против Астон вила, Кристал Палас, Тотнем, Фулам, Манчестер сити и Арсенал (2021/22).

Фото: Manchester United/Facebook