Манчестер јунајтед ја нокаутира Астон вила, Фернандеш урна рекорд на Бекам (ВИДЕО)

Дербито меѓу Манчестер јунајтед и Астон вила на „Олд Трафорд“ заврши со победа на домаќините (3-1), а португалскиот репрезентативец Бруно Фернандеш урна рекорд на легендарниот Дејвид Бекам.

Касемиро донесе водство за „ѓаволите“ во 53. минута, откако во првото полувреме мируваа мрежите. Сепак, Рос Баркли во 64. минута погоди и израмни на 1-1, со што ја врати надежта кај гостите од Бирмингем дека можат и до пресврт.

Матеус Куња набрзо погоди за 2-1, а потоа Бенјамин Шешко ги постави конечните 3-1 за гигантот од Манчестер.

Фернандеш притоа стигна до 16 асистенции во сезона во Премиер лигата, односно повеќе од било кој друг фудбалер на „ѓаволите“ во историјата. Претходниот рекорд му припаѓаше на Бекам со 15 асистенции.

Останатите натпревари завршија без голови, односно Кристал Палас ремизира против Лидс (0-0), а Нотингем Форест одигра нерешено против Фулам (0-0).

Фото: Manchester United/Facebook