Хаос во Грција: Фурние ги загуби нервите и тргна да се тепа со навивачи (ВИДЕО)

Натпреварот меѓу Паниониос и Олимпијакос во грчкиот шампионат го одбележа сериозен инцидент, откако Еван Фурние ги загуби нервите и тргна да се тепа со навивачи во првиот ред од трибините.

Фурние се налути по навредите од публиката, по што реши да се пресмета со фановите, а мораа да интервенираат и неговите соиграчи за да спречат поголем хаос.