Бург по голема борба со Бешикташ го освои пехарот во Еврокупот (ВИДЕО)

Кошаркарите на Бург триумфираа во вториот меч против Бешикташ со 73-71 и така ја обезбедија титулата во Еврокупот.

Бург влезе одлично во натпреварот и ја доби првата четвртина со 25-17, но Бешикташ го возврати ударот и на паузата замина со предност од 40-38.

Голема борба се водеше и во вториот дел од натпреварот, а на крајот се радуваше Бург со 73-71. Најефикасен во победичкиот тим беше Кевин Кокила со 18 поени, шест скокови и две асистенции, додека Метјус запиша 18 поени, три скокови и една асистенција за Бешикташ.

Францускиот тим го доби првиот меѓусебен натпревар против Бешикташ со 72-60.

Фото: Facebook/JL Bourg