Вардар доживеа тежок пораз од Монпелје - ќе му треба чудо во реваншот!
Двете екипи не беа многу ефикасни во нападот во воведните 10 минути (2-2), но потоа Монпелје влезе во серија од голови и поведе со 7-3. Вардар постојано бркаше негатива, па пред паузата намали на 10-12.
Монпелје тргна одлично во вториот дел и набрзо поведе со плус осум (19-11), додека македонскиот гигант се мачеше во нападот и не реализира многу шанси, а се соочи и со нов проблем, односно Педро Да Силва доби непријатен удар и мораше да ја напушти играта.
Францускиот тим ја искористи целата ситуација и го полнеше голот на Вардар, па во завршницата поведе и со 31-22, а на крајот на дуелот триумфира со 33-23.
Вилемино и Монте Дос Сантос постигнаа по шест голови за Монпелје, додека Митровиш запиша шест погодоци за Вардар.
Реваншот меѓу двете екипи е закажан во салата „Јане Сандански“ во Скопје на 5 мај.