Девет голови и два пенали во Париз: ПСЖ го доби првиот дуел против Баерн (ВИДЕО)
Фантастичен фудбал можеше да се забележи од самиот старт на натпреварот, а прв до водство стигна Баерн со голот на Хари Кејн од пенал во 17. минута. ПСЖ, сепак, набрзо постигна два погодоци преку Кварацхелија и Невес за целосен пресврт (2-2).
Олисе потоа постигна нов гол за гостите и така израмни на 2-2, но парижаните стигнаа до нова радост, откако ВАР-технологијата му асистираше на главниот судија да покаже на белата точка, по што Дембеле погоди за 3-2.
Баварците имаа кошмарен старт на вториот дел, затоа што ПСЖ од 56 до 58 минута постигна уште два погодоци, и тоа преку Кварацхелија и Дембеле за предност од 5-2.
Германскиот гигант не се откажа и тргна кон голот на домаќините, а потоа преку Упамекано и Дијаз во 65 и 68. минута погоди за да намали на 4-5.
Двете екипи продолжија со одличната игра во завршницата од натпреварот, при што ПСЖ успеа да ја погоди рамката од голот на Баерн, но мрежите останаа да мируваат до последниот судиски свиреж.
Фото: Facebook/FC Bayern München