Нова победа за Шкендија: Ибраими со атрактивен гол го реши Арсими (ВИДЕО)

Актуелниот македонски шампион Шкендија триумфира против Арсими со 1-0 во 23. коло од Првата лига, а единствениот гол го постигна Бесарт Ибраими.

Ибраими во 18. минута успешно успеа да се ослободи од двајца противници, по што испрати силен удар во мрежата на гостинскиот голман и погоди за предност од 1-0. Голот може да се погледне ТУКА.

Тетовската екипа го чуваше водството во продолжение од средбата, па со минимални 1-0 освои нови три бодови во Првата лига.

Шкендија е на втората позиција со 55 бодови, односно три поени помалку од лидерот Вардар.

Фото: Шкендија ФК