Официјално: УЕФА ја откажа Финалисима!
Дуелот на освојувачот на Копа Америка и Европското првенство требаше да се одигра на 27-ми март во Катар, меѓутоа по ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток беше јасно дека таму нема да може да се игра.
УЕФА водеше преговори, меѓутоа според информациите Европската куќа на фудбалот не успеала да постигне договор со Аргентинците, па затоа дуелот е откажан. Како опција се споменуваше да остане истиот датум, а домаќин да биде „Сантијаго Бернабеу“, меѓутоа до договор не дојде.
Досега беше одиграна само една „Финалисима“ во 2022 година и во тој дуел Аргентина ја победи Италија со 3-0.