Тиквеш без поголеми проблеми го совлада Бутел
Екипата од Кавадарци беше одлична во нападот во првото полувреме, па дури 16 пати ја затресе мрежата на скопскиот ривал (16-10).
Двете екипи понудија израмнета игра во вториот дел, па Тиквеш го задржа високото водство и славеше со 25-20.
Најефикасен кај Тиквеш беше Мијушковиќ со седум голови, додека Шилегов запиша четири погодоци за Бутел.