
Натпреварот помеѓу Србија и Албанија нема да се игра во Белград!?
Според неговите информации, наместо српската престолнина, како потенцијална локација се разгледува Нови Сад, а на стадионот нема да има албански навивачи. Србија и Албанија се дел од групата во која Англија е главен фаворит. Првиот меѓусебен дуел ќе се одигра на 7 јуни во Тирана, додека Србија треба да биде домаќин во октомври годинава.
Садику е познат во јавноста по контроверзите на претходното Европско првенство, каде што провоцираше српски навивачи со гестикулации на двоглав орел за време на натпреварот меѓу Србија и Англија. Во квалификациите за Светското првенство, само првопласираната репрезентација обезбедува директен пласман.