Митровски го налути Хајдук, па на крајот настрада Вараждин (ВИДЕО)

Хајдук Сплит со пресврт славеше против Вараждин во третото коло од хрватската Суперлига, а во листата на стрелци на мечот се запиша македонскиот интернационалец Димитар Митровски.

Митровски во осмата минута ја затресе мрежата на Хајдук, но тоа го налути тимот од Сплит кој во второто полувреме тргна со сите сили кон три бода.

Кровиновиќ погоди за 1-1 во 56. минута, а потоа стрелаше и Ливаја за конечни 2-1 и победа на Хајдук.

На натпреварот настапи и македонскиот напаѓач Александар Трајковски, кој доби шанса на почетокот на вториот дел.