„Максимир“ е опасен по живот, Адеми и другарите ќе играат на неутрален терен!?

Стадионот „Максимир“ по земјотресот во Загреб доби оценка дека е „привремено неуптореблив“, па се чека конечна пресуда за деталната градежна инспекција.

Според неслужбените проценки, на „Максимир“ нема најосновни услови за натпревари, иако на него се организираат елитни натпревари. Главен проблем е источната трибина, која би можела да се урне, додека од главната конструкција паѓаат бетонски делови.

УЕФА му забрани на Динамо Загреб да го користи делот од западната трибина, додека источната трибина по земјотресот доби забрана и таа е неупотреблива.

За две недели се очекува рестарт на хрватското првенство, а Динамо уште чека детален преглед, по кој ќе се потврди дали источната трибина е безбедна з гледачите.

Во клубот не се среќни поради ситуацијата, а доколку инспекцијата ја затвори источната трибина, Динамо ќе мора сезонава најверојатно да ја одигра без неа или да бара друг стадион, додека за европските дуели во елитните натпреварувања ќе мора да настапи на неутрален терен.

Динамо има неколку опции, па засега им се понудени три стадиони во хрватска, меѓу кои и тој на ривалот Хајдук Сплит за натпреварите од европските натпреварувања. Сепак, тоа претставува опасност и затоа хрватската екипа би можела да игра на стадионот на Марибор, но имаат опција и од Будимпешта.