Македонски тренер на чекор до седнување на жешката клупа на Партизан!

Српскиот гигант Партизан му даде отказ на Срѓан Благојевиќ по елиминацијата од Купот на Србија, но и поразот од Чукарички во српската Суперлига, по што почнаа шпекулациите за тоа кој ќе го наследи кормилото на тимот од Белград, а како еден од кандидатите се споменува Виктор Треневски.

Црногорските медиуми пишуваат дека сериозен кандидат за тренерското столче на „црно-белите“ е македонскиот стратег Виктор Треневски, кој во моментов го тренира Балкан Иглс.

Поранешниот македонски репрезентативец го носеше дресот на Партизан како фудбалер од 1995 до 1998 година, додека тренерската кариера ја почна во Словенија, во тимот на Малечник, а ги тренираше и Работнички, Дечиќ, Ком, Партизан Бар и од оваа година е на кормилото на Балкан Иглс.

Партизан по 13 одиграни кола во српскиот шампионат се наоѓа на втората позиција со 31 освоен бод, односно еден поен помалку од вечниот ривал Црвена Звезда.

Фото: ФК Работнички