Има мајстори и во Трета лига: Фудбалер на Кадино постигна еврогол од слободен удар! (ВИДЕО)

Не често, но и во македонските пониски лиги има голови кои заслужуваат внимание, а еден таков на последниот натпревар од Третата лига - Север за Кадино против Беса (4-2) постигна Марио Благојевски.

Во ефикасниот натпревар од деветото коло во кој домаќините славеа победа, Благојевски постигна два гола, но еден од нив беше вистинска мајсторија од слободен удар каква што немаме прилика да гледаме често кај нас, дури и кога е Првата лига во прашање.

Кадино победата ја обезбеди во првото полувреме кога беа постигнати сите четири погодоци, гостите во вториот дел со два гола само го ублажија поразот.