Се претвори во Меси: Фудбалер на Евертон си поигра со цела одбрана и изведе ремек-дело! (ВИДЕО)

Во вечерашниот последен натпревар од 10. коло во Премиер лигата помеѓу Сандерленд и Евертон го видовме и еден од најубавите голови од почетокот на сезоната.

Се играше 15. минута од средбата кога Илман Ндиаје од Евертон потсети на Меси од најдобрите денови и успеа да помине неколку противнички фудбалери, а потоа со фантастичен удар и да го матира голманот Рофс кој во оваа ситуација беше само гледач повеќе.