Башкими го врати тренерот кој по 17 години ги внесе во Прва лига!

Екипата на Башкими денеска по поразот од Арсими (4-2) го назначи наследникот на Муарем Муарем, а кумановскиот состав во следните натпревари ќе биде предводен од добро познато име, Баже Јанакиевски.

Станува збор за човекот кој го водеше Башкими минатата сезона и успеа да го врати клубот во Прва лига по пауза од 17 години.

Од клубот истакнуваат и дека цврсто веруваат во проектот кој бил започнат претходно. Исто така се додава и дека Јанакиевски првиот мандат го завршил на негово барање поради лични причини.

Башкими во овој момент се наоѓа на петтата позиција на табелата со 19 бода.