Евертон и трет натпревар без победа, ремизираше со Сандерленд (ВИДЕО)
Евертон беше прв кој стигна до водство по 15-тина минути игра кога Ндиаје изведе мало шоу, помина покрај неколку противнички фудбалери и мајсторски погоди за 1-0.
🚨🚨| GOAL: WHAT A GOAL FROM NDIAYE!!!!
— Transfer Sector (@TransferSector) November 3, 2025
Sunderland 0-1 Everton
pic.twitter.com/5gkPGF5VS3
Сандерленд тргна по изненадување, напаѓаше и создаваше шанси, но сепак гостите на полувремето го задржаа водството.
Израмнувањето стигна веднаш во вториот дел, не помина ниту цела минута кога Гранит Џака се запиша во листата на стрелци за 1-1.
До крајот резултатот не се промени, Сандерленд освои бод со кој дојде до 18 и се наоѓа на четвртата позиција со ист број на бодови со Бормут и Ливерпул. Евертон од друга страна е 14-ти со 12 бодови.