Работнички бара крај на лошата серија, Македонија ЃП против својот најголем кошмар

Со два натпревара во Скопје, денеска во 13:30 часот продолжува 12. коло од Првата македонска фудбалска лига.

По вчерашната пресметка меѓу Арсими и Башкими, денеска Работнички ќе го пречека Тиквеш, а Македонија ЃП игра со Струга во дуелот на двата поранешни шампиони на Македонија.

Работнички влегува во втората третина од првенството како претпоследен на табелата и со опасност да ги загрози своите шанси за опстанок во елитната конккуренција. Екипата од Дебар Маало има само една победа сезонава, остварена на 18 септември против Пелистер по што следуваа пет гола во кои некогашниот првак освои само три бода. Тиквеш е само малку подобар, има вкупно девет бода, но доволни да се најде над зоната за испаѓње, на деветтата позиција.

Standings provided by Sofascore

„Свесни сме за позицијата на која се наоѓаме и мораме веднаш да почнеме да бараме излез. Сакаме да свртиме нов лист и веруваме дека денешниот меч против Тиквеш ќе биде почеток на една позитивна серија. Не е тајна дека ги посакуваме трите бода, затоа што досега освоивме премалку во првиот круг од првенството. Тиквеш е можеби во слична ситуација, но ние веруваме во нашите квалитети и треба конечно да прикажеме и многу повеќе на теренот. Не е важно кој ќе постигне погодок, најважно е да ги освоиме бодовите и да тргнеме напред“, вели играчот на Работнички, Демир Имери.

На западниот крај од Скопје, Македонија ЃП ќе го пречека поранешниот шампион на Македонија, Струга од која пред две недели доживеа дебакл во националниот Куп со 0-5 на истиот стадион. Ситуацијата кај „лавовите“ е уште потешка бидејќи фудбалерите штрајкуваа претходните денови и неизвесно е дали воопшто ќе излезат на терен. Без разлика на се, стружани се големи фаворити на овој меч и се освен нивна победа би било изненадување во овој момент.