Реал Мадрид без тренинг на „Енфилд“ ќе излезе вечерва во дербито

Вечерва во Лигата на шампионите се игра големото дерби помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид, а пред овој натпревар шпанскиот гигант одлучи да не одработи тренинг на „Енфилд“.

Алонсо одлучи тој и неговите фудбалери да отпатуваат во Англија со комплетно завршени подготовки за дуелот и на Островот на терен ќе излезат само вечерва за натпреварот.

На прес-конференцијата тренерот на „кралевите“ и ја образложи причината за ваквата одлука.

„Тоа беше моја лична одлука. Сметам дека најдобро беше да се подготвуваме во нашата средина, без притисок и стотици камери кои ќе го следат секој наш чекор. Во нашата база имаме максималната концентрација и приваност“ објасни Алонсо.

Натпреварот на „Енфилд“ се игра во терминот од 21:00 часот, а за Алонсо ова ќе биде и враќање на местото каде што помина фантастичен период како фудбалер.