Вечер со два спектакли во ЛШ, Елмас и Наполи против Франкфурт!

Вечерва низ стадионите во Европа ќе се играат нови натпревари од Лигата на шампионите, а денешнните дуели носат и два спектакли.

Најмногу внимание привлекува европскиот класик помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид кој е закажан за во 21:00 часот, а тука во центарот на вниманието ќе биде Тренет Александер-Арнолд

За Арнолд ова ќе биде враќање на „Енфилд“ откако минатото лето го напушти клубот, а според најавите навивачите му подготвуваат пеколен дочек. Изминатата вечер беше уништен и мурал од фудбалерот во Ливерпул.

Во натпреварот Реал Мадрид влегува со максимални три победи, додека Ливерпул има две победи и пораз.

Интересно може да биде и во Париз каде што европскиот шампион ќе го пречека оваа сезона фантастичниот Баерн. Двата тима имаат ист, максимален број на бодови и иста гол-разлика, меѓутоа „светците“ се рангирани пред баварците поради еден гол постигнаат повеќе.

Максимален вечерва ќе се обиде да остане и Арсенал кој ќе биде фаворит на гостувањето во Слвија Прага.

Вечерашните натпревари го носат и дуелот на Наполи на Елмас кој на свој терен ќе го пречека Ајнтрахт Франфурт.

ЛИГА НА ШАМПИОНИ 4. КОЛО

18:45 часот: Наполи - Ајнтрахт Франкфурт

Славија Прага - Арсенал

21:00 часот: Атлетико Мадрид - Ројал Унион

Бодо/Глимт - Монако

Јувентус - Спортинг

Ливерпул - Реал Мадрид

Олимпијакос - ПСВ

ПСЖ - Баерн Минхен

Тотнем - Копенхаген