Навивачите му најавија, Арнолд вечерва го чека пекол! (ФОТО)

Вечерва од 21:00 часот во Лигата на шампионите се игра големото дерби помеѓу Ливерпул и Реал Мадрид, а овој натпревар сигурно ќе биде посебен за Трент Александер Арнолд.

Англискиот репрезентативец изминатото лето го напушти Ливерпул каде што блесна на големата европска сцена и се пресели во Мадрид, а за него ова ќе биде прво враќање на „Енфилд“ каде што веројатно нема да има пријатен пречек.

Како најава за такво нешто беше и уништениот мурал од него во измината вечер, очигледно навивачите на англискиот гигант не можат да го простат тоа што одлучи да ги замени за „кралевите“.

Вечерашниот натпревар враќање на „Енфилд“ е и за Чаби Алонсо кој денес од клупата го предводи Реал Мадрид како тренер, додека во минатото остави длабока трага во Ливерпул како фудбалер.