Пуштени во продажба билетите за „генералката“ пред битката во Кардиф!

Фудбалската федерација на Македонија денеска ги пушти во продажба билетите за натпреварот против Летонија кој ќе биде од пријателски карактер и една подготовка за битката со Велс.

Натпреварот против Летонија, Македонија ќе го игра на 13 ноември во Скопје на Арената „Тодор Проески“ со почеток од 18:00 часот, а билетите се продаваат по цена од 200 и 300 денари (ТУКА). За овој натпревар отворени ќе бидат само северната и јужната трибина.

Пет дена по овој натпревар, Македонија ја чека гостувањето во Кардиф против Велс каде ќе играме за подобра позиција во ждрепката за мундијалскиот бараж.