Трагедија во Србија: Почина екс-тренер на Шкупи откако му се слоши среде натпревар! (ВИДЕО)

Tрагичен момент го одбележа денешниот натпревар помеѓу Младост Лучани и Раднички откако му се слоши на тренерот на гостите од Крагујевац, Младен Жижовиќ.

Жижовиќ кој во минатото беше тренер и на Шкупи по 20-тина минути од почетокот на натпреварот само се сруши покрај теренот, а веднаш со возило на итна помош бил пренесен и во болница, но за жал според информациите на српските медиуми ја загубил битката за својот живот.

На клупата на Шкупи, Жижовиќ помина шест месеци во период од септември 2023 до април 2024 година. Во кариерата беше тренер уште на Радник, Зрињски, Слобода Тузла, Ал Колод и Бања Лука, додека на клупата на Раднички пристигна пред само еден месец.