Тага до небото по смртта на Жижовиќ: Играчите неверувајќи се држеа за глава, паднаа на тревата и прснаа во плач... (ВИДЕО)

Голема трагедија се случи денеска во Србија, каде што на натпреварот помеѓу Младост Лучани и Раднички почина поранешниот тренер на Шкупи, Младен Жижовиќ.

На Жижовиќ му се слошило по 20-тина минути од почетокот на натпреварот, по што веднаш бил пренесен во болница каде што за жал ја загубил битката.

Натпреварот веднаш беше прекинат, а сите на теренот доживеаа вистински шок по страшната информација. Сведок на трагедијатаа беше и македонскиот фудбалер Лука Станковски кој во тие моемнти беше на клупата на Раднички.