Лацио и четврти натпревар во низа не прими гол, Закањи со мајсторија го потврди триумфот! (ВИДЕО)

Екипата на Лацио во вечерашниот натпрева против Каљари ја продолжи низата без пораз и славеше победа од 2-0.

Избраниците на Маурицио Сари не беа подобар противник на теренот, Каљари имаше свои шанси и беше опасен, но изостана реализацијата, па бодовите останаа во Рим

Првото полувреме не донесе голови, а резултатот беше отворен во 66. минута кога Исаксен стрелаше по асистенција од Гендузи. Победата за домаќините ја потврди Закањи со прекрасен гол во судиското продолжение.

Лацио со овој триумф влезе и во одлична низа од шест натпревари без пораз, но и четири без примен гол.