Џенова го избрка Виера, па првпат победи сезонава (ВИДЕО)

Екипата на Џенова избега од последното место на табелата откако славеше против Сасуоло со 2-1 во рамки од 10. коло во Серија А.

Победата за Џенова доаѓа во првиот натпревар откако Патрик Виера доби отказ, а од клупата против Сасуоло ги предводеше Роберто Мургита кој доби шанса како привремено решение.

Реезултатот бееше отворен со голот на Малиновски по 18 минути игра и тоа беше единствениот погодок во првиот дел. Ветеранот Доменико Берарди по само две минути игра во второто полувреме погоди за израмнување.

Моментот на одлука се случи во последните секунди од натпреварот кога Остигард стрелаше  запрва победа сезонава за Џенова и само втор гостински триумф во 2025 година. Исто така Џенова со овие три бода дојдее до шест со кои се наоѓа на 18-тата позиција, Сасуоло е 11-ти со 13.