Анчелоти му држел лекција на Винисиус по Ел Класико!
Винисиус беше бесен кога виде дека треба да излезе од игра, дури пцуеше по Чаби Алонсо. Поради ваквото однесување добил повик и од Карло Анчелоти кој претходно му беше тренер во кралскиот клуб, а сега му е селектор во Бразил.
„Зборував со Винисиус за неговата реакција на Ел Класико. Му кажав што мислам, а тоа е дека направи грешка. Тој ја сфати неговата грешка, се извини и мислам дека ситуацијата е решена“, рече Анчелоти.
По мечот Винисиус свесен за своето лошо однесување, се извини на соиграчите и на навивачите, па мина без санкција од клубот.