Отворен современ повеќенаменски спортски центар во општина Ѓорче Петров
Овој проект претставува уште еден значаен чекор во рамки на програмата на Министерството за спорт за изградба и реконструкција на спортска инфраструктура низ целата држава, со цел спортот да биде достапен секаде и за сите.
-Нашата цел е секое дете, секој млад спортист и секој граѓанин да имаат можност да тренираат и да се рекреираат во современи услови. Со овие вложувања, не градиме само спортски објекти – градиме здрави навики, заедништво и идни шампиони - изјави министерот Борко Ристовски.

Новиот спортски центар располага со фудбалско игралиште, игралиште за кошарка со современа полипропиленска подлога, како и зона за рекреација опремена со спортски реквизити. Просторот ќе биде наменет пред сè за учениците од училиштето, но и за локалните спортски клубови и за граѓаните на општината.
Министерството за спорт најавува континуирани инвестиции во инфраструктурата како предуслов за развој на сите спортови и создавање на услови за масовен спорт низ целата држава.


