Легендарниот скијач Ивица Костелиќ започна кариера во фудбалот

Легендарниот хрватски скијач и освојувач на Големиот кристален глобус во 2011 години и уште четири сребра од Олимписките игри, Ивица Костелиќ започна работа во фудбалот.

Информацијата ја потврди хрватскиот клуб НК Максимир каде што Костелиќ работи во младинските категории.

„Со гордост можеме да објавиме големо засилување во нашата фудбалска школа. Еден од најголемите хрватски спортисти стана соработник за кондиција во нашиот клуб и ќе биде дел од стручниот штаб за деца родени 2014 година. Му посакуваме добредојде и многу среќа во иднина“, порачаа од клубот.

Костелиќ покрај Големиот кристал глобоус освои уште два мали за најдобар во слалом, а трипати беше победни во супер комбинации. Во кариерата стигна до 26 победи и 60 подиуми во Светскиот куп.