Косовците не сакаат Србин во репрезентацијата: Светот ќе мисли дека уште сме дел од Србија!?

Откако младиот српски тинејџер од Грачаница, Илија Ивиќ (17), кој игра на позиција стопер и потпиша за косовски Фљамуртари, па реши да игра за селекцијата на Косово, голем дел од Албанците во најмладата држава во Европа не го сакаат во националните тимови.

Иако има дел од Косовците што го поддржуваат Ивиќ, потенцирајќи дека земјата е отворена за секого и на овој начин се испраќа слика дека Косово е цивилизирана земја, сепак не е мал бројот што веднаш направија „политички проблем“. За националистите, настапот на српскиот тинејџер ќе оставел лоша слика во светот дека – Косово сè уште е дел од Србија.

„Не сакам да го видам во нашата селекција. Па цел свет ќе мисли дека уште сме дел од Србија. Ние си имаме сопствени имиња и презимиња и сигурен сум дека овој Србин не ни треба. Па тој не знае ни збор на албански“, вели еден Косовец.

Омразата повеќе од една деценија владее помеѓу Косовците, кои пред некој ден славеа 12 години од независноста и Србија, која не ја признава независноста сметајќи дека јужната покраина е дел од нејзината територија.

„Колку и да се гледам себе си како човек со отворен ум, сепак не сакам Србин да игра за мојата репрезентација“, коментира друг Косовец.