Интер е ептен сериозен за Елмас – менаџер од Италија денеска ќе преговара во Истанбул

Миланскиот великан Интер ептен сериозно загриза за македонскиот бисер Елиф Елмас, па откако Фенербахче им ја одбија првата понуда од 18 милиони евра, менаџер од Италија заминал денеска на состанок со управата на истанбулскиот гигант со нова понуда за да ги убедат Турците да им го продадат младиот фудбалер за врска.

Интер е последен во долгата низа на клубови кои влегоа во трка за Елмас, по неговите одлични настапи во изминатиов месец и сега според најавите од Италија, „нераѕурите“ за Елмас се подготвени да дадат дури тројца фудбалери, па дури и да доплатат колку треба само за да го добијат македонскиот репрезентативец.

Не е објавно кои фудбалери Интер му ги нуди на Фенербахче во замена за Елмас, но италијанскиот менаџер доаѓа на состанок со клупскиот директор на Фенер, Дамиен Комоли за да ги убеди во трансфер. Фенербахче веќе објави дека не седнува на преговори, ниту разгледува понуди помали од 20 милиони евра.

Вчера турските медиуми објавија дека засега на адреса на Фенер најконкретната и најдобра понуда е дојдена од Мадрид и тоа од Атлетико од речиси 20 милиони евра и дека четири понуди се пристигнати во изминатиов период од Фиорентина, Тотнем и Интер.

Елмас има договор со Фенербахче до јуни 2022 година.